Суслина во Топ-5 одбрани - Цвијиќ меѓу трите ѕвезди на колото

Вардар го победи ФТЦ со 34-31 во првото коло од групната фаза на лигата на шампионите, а две ракометарки на нашиот тим веднаш влегоа во изборот на ЕХФ.

Голманката Ина Суслина влезе во второто полувреме на средбата кога победникот веќе беше решен, а продолжи да брани подеднакво добро како и нејзината колешка Амандин Лејно дотогаш. Суслина имаше неколку добро одбрани, а една е избрана од страна на ЕХФ во најдобрите пет на колото.

Одбраната на Суслина погледнете ја на следниот линк

Место во изборите на ЕХФ, што се прави секое коло, имаше и за Драгана Цвијиќ. Таа е меѓу трите најдобри ѕвезди на колото. Постигна седум голови и играше одлично, и во одбрана и во напад.

Изборот на трите ѕвезди на колото можете да ги погледнете тука.

 

понеделник, 9 октомври 2017 - 08:45