Суслина со втора најдобра одбрана во ова коло во ЛШ

Нашата голманка Ина Суслина ја има втората најдобра одбрана во второто коло од главната групна фаза во Лигата на шампионките, во изборот на ЕХФ.

Будуќност вчера во Подгорица беше подобар противник и ги победи вардарки во дербито во групата 2, а Суслина местото во најдобрите одбрани го заслужи со одбранетиот седмерец при ударот на Катарина Булатовиќ, како и со втората интервенција по одбиената топка.

Видеото од најдобрата одбрана на нашата голманка може да го погледнете тука.

понеделник, 18 јануари 2016 - 11:55