Суслина меѓу трите главни ѕвезди на колото во ЛШ

Руската интернационалка во Вардар, Ина Суслина сезонава е во одлична форма, а тоа го покажуваат и нејзините одбрани, а како резултат на тоа доаѓаат добрите резултати на клубот, па и признанијата од страна на ЕХФ. Голманката на Вардар се најде меѓу трите ѕвезди на колото.

Со 17 одбранети топки Суслина секако имаше свој голем придонес во триумфот на Вардар на гостински терен кај Ларвик. „Црвено-црните" победија со 31-19 за трет триумф по ред сезонава и задржување на лидерското место во Ц групата.

Погледнете дел од одбраните на Суслина во прилогот на ЕХФ ТВ.

Иако имаше многу добри одбрани, една беше избрана меѓу петте најдобри на колото.
Која е избрана погледнете на следниот линк

 

 

 

понеделник, 23 октомври 2017 - 11:20