Со победа ја почнавме одбраната на титулата во ВРХЛ

Актуелниот победник на женската регионална лига, Вардар со триумф ја почна одбраната на титулата и тоа во гости кај Будуќност, 24-22 (12-13). На првиот турнир што се одржува во Подгорица утревечер треба да играме против Крим.

На турнирот во Подгорица настапивме само со 13 ракометарки, бидејќи поради повреда дома останаа Кузнецова, Лејно, Бајрамовска, Лакрабер и Лазовиќ. Но, и со таков состав бевме рамноправни, па иако во најголем дел од натпреварот имавме негатива кога беше најпотребно ние одигравме одлично и триумфиравме.

Ина Суслина мечот го заврши со 12 одбрани, и беше една од најдобрите играчи на теренот.

„Се виде заморот кај играчите во дват атима, како последица на работата на физичка подготвеност, бидејќи ова беше ударна недела и сега полека се намалува тоа темпо. И во двата тима недостасуваа некои ракометарки. Имаше и добри и лоши работи. Будуќност многу има напредувано во однос на играта на турнирот во Скопје. Ние успеавме да се вратиме и покрај минусот што го имавме. Видовме на кои работи треба да внимаваме во иднина, изјави Јованка Радичевиќ, крилото на Вардар.

Будуќност - Вардар 22-24 (13-12)

Будуќност: Ујкиќ 4, Конатар, Јауковиќ 8, Плетикосиќ, Чарапиќ, Де Паула, Ласло, Мариновиќ, Маловиќ, Премовиќ, Брновиќ 3, Батиновиќ, Павичевиќ 3, Рамусовиќ 1, Раичевиќ 2. Грбиќ.

ВАРДАР: Радичевиќ 7, Кликовац 3, Садзовска 1, Мицевска, Пенезиќ 6, Керамичиева, Чанаџија, Суслина, Хмирова 1, Цвијиќ, Лекиќ 5, Петровиќ, Ристовска 1.

среда, 13 септември 2017 - 20:40