Шведска како судбина - заедно и во квалификациите за ЕП 2018

Женската ракометна репрезентација на Македонија во квалификациите за ЕП 2018 во Франција ќе игра во третата група во која противници ќе и бидат Шведска, Србија и победникот од претквалификациската група А во која се Финска, Фарски Острови и Грција.

Пласман на ЕП 2018 обезбедуваа првите две репрезентации од секоја група и најдобрата третопласирана репрезентација во квалификациите. ЕП во Франција ќе се одржи од 30 ноември до 16 декември 2018, домаќини ќе бидат Нанси, Нант, Монбелиар, Брест и Париз.

Шведска е наш противник и во баражот за СП 2017 во Германија, што треба да го играме во јуни.

Квалификациските натпревари ќе се играат во три фази, очнувајќи од крајот на септември 2017, па се до јуни 2018.

петок, 21 април 2017 - 13:33