Шести триумф во низа за Вардарки

Убедливо подобри на гостувањето кај Гевгелија, младите вардарки победија со 36 : 19 на дуелот од 14. коло од младинското првенство.

Големата разлика во квалитетот со домашната екипа стана воочлива уште во текот на првото полувреме кое го завршиме со дупло повеќе голови од Гевгелија, односно 17 : 8. Нашата Мирјана Петковска во овие 30 минути постигна повеќе голови од целата екипа на противникот, 10 голови со што и стана најдобар стрелец на мечот. Нашата одбрана едноставно беше непробојна за домаќините, кои не се снајдоа најдобро ниту во одбраната. Голманката Андреа Илиќ во првото полувреме имаше 10 одбрани, а во пред мрежата во второто полувреме беше Симона Грујовска со 7 одбрани. Сигурната игра во победнички ритам вардарки ја продолжија и во вториот дел од натпреварот, а тренерот Симо Симовски воопшто не го искористи правото на тајмаут.

Вардарки на претходниот натпревар повторно имаа убедлив триумф против екипата на Шампион со 40 : 10 (20 : 6).

Следното коло сме домаќини на Лихнид 2012 од Охрид.

четврток, 21 февруари 2019 - 21:15