Сениорките немаа „попуст“ кон помладите вардарки

Во натпревар на нашите две екипи, поискусните вардарки лесно, па и убедливо триумфираа на дуелот со Вардар јуниор, 45-10. Многу помладите и неискусни ракометарки на Вардар јуниор имаа лошо прво полувреме и постигнаа само два гола, првиот во 11. а вториот во 17. минута. Само Ѓоргиевска и Филипоска успеаја да ја совладаат Мицеска.

На другата страна поискусните играчи кои имаат и искуство од мечеви од лига на шампионите одржаа само тренинг, бидејќи „домашните ракометарки" немаа ниту сила ниту можност да се спортистават.

Вардар јуниор - Вардар 10-45 (2-23)

Вардар јуниор: Илиќ, Реџеп, Николовска, Карчева 1, Стафановска 1, Кицеска, Вељановска, Атанасова 1, Трпевска 1, Ѓеоргиевска 1, Диневска 1, Божиновска 2, Иванова 1, Николовска.

Вардар: Саздовска 3, Кузнецова 11, Лазовиќ, Мицевска, Ристова 9, Керамичиева 8, Чанаџија 1, Суслина, Хмирова 5, Петровиќ 4, Гичевска 1, Николиќ 2.

четврток, 7 декември 2017 - 18:38