Селекторот Симе Симовски повика 25 ракометарки за квалификациите за ЕП 2018

Селекторот на женската сенироска ракометна репрезентација, Симе Симовски го објави списокот на повикани ракометарки за собир и подготовки за квалификациските натпревари за ЕП во Франција 2018 во период од 28.05.2018 до 03.06.2018.

На списокот се наоѓаат 25 ракометарки, од кои 11 интернационалки. Од домашното првнество има седум од Вардар, четири од Металург, две од Куманово и една од Пелистер.

Македонија треба да одигра уште два натпревари во овој квалификациски циклус, на 30 мај со Шведска во Скопје, и на 3 јуни со Србија во Ниш. Првите две репрезентаци од групата ќе патуваат на завршниот турнир од ЕП што ќе се одржи кон крајот на ноември и почетокот на декември во Франција.

На спискот на повикани ракометарки се наоѓаат:

1. ЈОВАНА САЗДОВСКА ЖРК ВАРДАР
2. ЕЛЕНА ЛИВРИНИЌ РОМАНИЈА
3. ДАЈАНА ЈОВАНОВСКА РОМАНИЈА
4. ЕЛЕНА ЃОРЃИЈЕВСКА УНГАРИЈА
5. ДРАГАНА ПЕТКОВСКА ДАНСКА
6. МАРИЈА ШТЕРИОВА РОМАНИЈА
7. ТЕОДОРА КЕРАМИЧИЕВА ЖРК ВАРДАР
8. ЛЕОНИДА ГИЧЕВСКА ЖРК ВАРДАР
9. ЈОВАНА МИЦЕВСКА ЖРК ВАРДАР
10. ИВАНА ГАКИДОВА ФРАНЦИЈА
11. МАРИЈА НИКОЛИЌ ГРЦИЈА
12. МАТЕЈА СЕРАФИМОВА ГРЦИЈА
13. НАТАША НОЛЕВСКА ДАНСКА
14. МАРИЈА ГАЈИЌ ЖРК МЕТАЛУРГ
15. САРА РИСТОВСКА ЖРК ВАРДАР
16. МИРЈЕТА БАЈРАМОСКА ЖРК ВАРДАР
17. ДУШИЦА ЃОРЃИЕВСКА ТУРЦИЈА
18. МИЛИЦА НИКОЛИЌ ЖРК ВАРДАР
19. АЛЕКСАНДРА БОРИЗОВСКА ЖРК КУМАНОВО
20. МОНИКА ЈАНЕСКА ТУРЦИЈА
21. МАРИЈА ТАСЕВСКА ЖРК МЕТАЛУРГ
22. ЈОВАНА КИПРИЈАНОВСКА ЖРК КУМАНОВО
23. ЈАНА КАЛАЈЏИЕВСКА ЖРК МЕТАЛУРГ
24. САЊА ДАБЕВСКА ЖРК ПЕЛИСТЕР
25. АМРА ИЛЈАЗ ЖРК МЕТАЛУРГ

среда, 23 мај 2018 - 12:03