Седлоска донесе пресврт и триумф на Вардар на гости кај Гевгелија

Вардар по седми пат сезонава освојува бодови, и со „цел плен" се враќа од гостувањето во Гевгелија. Нашите млади ракометарки кои иако младински настапуваат во сениорска конкуренција триумфираа со 27-25 против Гевгелија и се зацврстија на третото место на табелата во женската лига.

Јована Трајковска имаше 21 одбрана на гостувањето на југот од земјата и беше убедливо наша најдобра играч. Им овозможи на своите колешки да имаат повеќе успех во нападот, а таа беше задолжена да ги сопре топките упатени од домашните ракометарки.

Покрај Трајковска клучна за нашиот триумф беше и Андреа Седлоска. Таа ги постигна последните четири гола за Вардар со кои „црвено-црните" направија целосен пресврт и стигнаа до седмиот триумф.

Почетокот беше во знакот на Вардар, а потоа во најголем дел од средбата домашните имаа водство. Во 55 минута Гевгелија имаше водство од 25-23. И тогаш следуваше целосен пресврт. Седлоска имаше серија од четири гола со кои Вардар дојде до триумф.

Во следното коло Вардар е домаќин на Овче Поле.

Гевгелија - Вардар 25-27 (13-12)

Гевгелија: Каранфиловска, Басова, Мандалова 1, Ј. Попова 9, Пецевска 5, Петрова, Ибрахимовиќ, Горковска, Н. Попова 1, П. Митрова, Петковска 5, Тимчева, Танева, Д. Митрова 4.

Вардар: Трајковска, Гоцевска 1, Ѓеоргиевска 2, Божиновска 4, Грујовска, Паковска, Трпевска 4, Гроздановска, Миновска, Седлоска 7, Коларовска 1, Јаковчевска, Стаменкова 1, Васевска, Дамјановска 2, Николиќ 5.

недела, 10 ноември 2019 - 22:11