Саздовска, Лакрабер и Ристовска со двоцифрена реализација за нова „педесетка“ на Вардар

Ракометарките на Вардар на трет натпревар по ред постигнаа повеќе од 50 голови на меч од домашното првенство, а тимот повторно забележа убедлив триумф, овојпат над Деспина, 51-11. Три ракометарки имаа двоцифрен учинок, иако игравме со само десет ракометарки, од што осум играчи и два голмани.

Сара Ристовска повторно беше најпрецизната ракометарка на натпреварот со вкупно 14 голови, Јована Саздовска даде 11 гола, а Алехандра Лакрабер постигна 10 гола. Претходно повеќе од 50 голови на натпревар нашите девојки постигнаа на дуелите со Куманово (52) и Овче Поле (57). Само Гевгелија прими помалку од 50 гола (45) во првото коло.

Натпреварот првично требаше да се игра во Прилеп, но двете екипи се договорија за замена на домаќинството, па напролет ние ќе гостуваме во салата на Деспина.

За Вардар ова беше последен меч пред заминувањето за Германија каде во сабота треба да го одиграат натпреварорт од второто коло од лигата на шампионите проти Турингер.
Тимот на Деспина од Прилеп и не беше вистински тест, бидејќи тимот не даде никаков отпор, а добаr дел од ракометарките на Вардар и не беа во составот за овој меч.

Деспина - Вардар 11-51

Деспина: Ристевска, Јовеска, Е. Рипилоска, Камческа 1, Крстевска, Седлоска, Цветкоска 2, Димова 3, Димитрова 1, Богеска, Далевска, Камческа 4, Димитриеска, Л. Рипилоска.

ВАРДАР: Кликовац 4, Саздовска 11, Лејно, Бајрамовска 2, Мицевска, Керамичиева 2, Чанаџија 7, Лакрабер 10, Петровиќ 1, Ристовска 14.

среда, 11 октомври 2017 - 19:27