Саздовска и Ристовска постигнаа повеќе голови од целиот тим на Овче Поле

Првпат две ракометарки на Вардар на еден натпревар од домашната женска лига поединечно постигнаа повеќе голови отколку што противникот даде на цел натпревар. Тоа се случи на средбата со Овче Поле што заврши си триумф на „црвено-црните" со 52-14 (27-6).

На оваа средба Јована Саздовска и Сара Ристовска постигнаа по 15 односно 16 голови, што е повеќе отколку што реализираше целиот тим на домаќинките. Средбата требаше да се игра во Скопје, но бидејќи претходниот дуел беше одигран во договор со тимовите во Скопје сега им возвративме на нашите противници.

Вардар настапи со девет ракометарки, но ниту тоа не беше голем предизвик на тимот од Свети Николе. Тие првиот гол го постигнаа во 5. минута а вториот дури во 20. минута.
Вардарки веќе и тероретски ја обезбедија титулата, и после 23 кола има 69 бодови. До крајот на првенството остануваат да се играат уште пет кола.

Вардар - Овче Поле 52-14 (27-6)
ВАРДАР: Кликовац 1, Саздовска 15, Бајрамовска 3, Мицевска, Керамичиева 5, Суслина, Петровиќ 4, Гичевска 8, Ристовска 16.

 

среда, 11 април 2018 - 14:19