Сара Ристовска номинирана за најдобро младо светско десно крило

Нашата ракометарка Сара Ристовска се најде во изборот за најдобро десно крило во светот меѓу младите ракометарки, во изборот на познатиот ракометен портал www.handball-planet.com.

Порталот ќе ја избере најдобрата постава на млади ракометарки кои сезонава настапуваа. Во изборот има 28 ракометарки кои се родени 1995 или помлади.

На позицијата десно крило каде е номинирана нашата Сара Ристовска се и Викторија Лукач (ФТЦ Будимпешта, Унгарија), Ема Екенман (Савехоф, Шведска) и Малин Ауне (Опсал, Норвешка).

Сара Ристовска сезонава ја освои двојната круна во првенството на Македонија, титулата во Регионалната ВРХЛ лига и стана вицешампион во лигата на шампионите. Со репрезентацијата на Македонија ги мина квалификациите и се пласираше во баражот за СП 2017.

За Сара Ристовска можете да гласате на следниот линк

Гласањето е отворено до 31 мај.
Кои се другите номинирани играчи во сите категории можете да ги видите на следниот линк.

 

четврток, 25 мај 2017 - 10:00