Рутинско гостување за Вардар во Куманово

Само еден ден откако Вардар го потврди учеството на Ф4 турнирот во Будимпешта дел од ракометарките играа и во меч од домашното првенство. На гостувањето во Куманово нашите девојки иако во некомплетен состав лесно и рутински победија со 48-24.

Првиот тим доби ден за одмор, а оние што малку играа вчера сега беа во составот.
Домаќинките поведоа со 1-0, а потоа следуваше доминација на „црвено-црните", Немаше никаква неизвесност, и очекувано победивме со двоцифрена предност.

Куманово - Вардар 24-48 (10-23)
ВАРДАР: Саздовска 7, Бајрамовска 6, Мицевска, Керамичиева 11, Суслина, Хмирова, Петровиќ 7, Гичевска 9, Ристовска 8.

 

недела, 15 април 2018 - 14:59