Рутински триумф во Куманово

Иако игравме без повеќе првотимки Вардар немаше проблеми на гостувањето во Куманово од каде се враќа со триумф од 42-15. Првпат сезонава за Вардар настапија и Леонида Гичевска и Милица Николиќ кои постигнаа вкупно 8 голови. Тие добија привремена прекоманда од вториот тим и до крајот на полусезоната ќе играат за Вардар.

Неизвесно беше само со колкава разлика ќе победиме. Веќе на полувреме имавме водство од 19-10. Но, тоа беше само почеток на нашата добра игра. Потоа му дозволивме на домаќинот да постигне само пет гола, а ние постигнавме 23 покажувајќи ја доминацијата.

Куманово - Вардар 15-42 (10-19)
ВАРДАР: Саздовска 4, Кузнецова 1, Лазовиќ 3, Мицевска, Керамичиева 8, Чанаџија 5, Суслина, Хмирова 6, Николиќ 2, Гичевска 6, Петровиќ 1, Ристовска 6.

 

вторник, 5 декември 2017 - 22:08