Ривали на Вардар во ЛШ се: Ларвик, ФТЦ и квалификант

Европскиот женски ракометен вицепрвак Вардар во следната сезона во групната фаза од натпреварувањето ќе игра со тимовите на Ларвик, ФТЦ Будимпешта и со победникот од втората квалификациска група.

Во квалификациската група се наоѓаат екипите на Турингер (Германија), Хорс (Шведска), Хипо (Австрија) и Атлетико Гуардес (Шпанија).

Во нашиот дел од костурот на лигата на шампионите се наоѓа и групата Д со која вкрстуваме во главната фаза. Таму се наоѓаат екипите на Будуќност, Мец, Битигхајм и победникот од квалификациската група 1.

Првите три екипи од групната фаза продлжуваат во главната фаза, каде се пренесуваат бодовите освоени против екипит ешто исто така продолжуваат. Се играат уште 6 кола, по три дома и во гости. Потоа следуваат четвртфиналните натпревари каде се вкрстува со екипите од групите А и Б.

Во групата А се: ЧСМ Букурешт, Никобинг, Крим, Вистал Гринија
Група Б: Ѓер, Ростов, Митјиланд, Брест Бретања

петок, 30 јуни 2017 - 21:36