Ристовска, Саздовска и Керамичиева постигнаа вкупно 44 голови против Овче Поле

Натпреварите во домашното првенство на Македонија за ракометарките на Вардар значат само тренинг пред настапите во регионалната лига и ЕХФ лигата на шампионите, бидејќи „црвено-црните" се апсолутни фаворити на сите средби. Така беше и на дуелот со Овче Поле, што заврши со предност од 39 голови за Вардар, 57-18.

На оваа средба Сара Ристовска, Јована Саздовска и Теодора Керамичиева заедно постигнаа вкупно 44 голови. Од тоа по 15 постигнаа Ристовска и Саздовска, а еден помалку Керамичиева.

Вардар играше со десет ракометарки, но и тоа беше доволно за убедлива и висока предност на крајот од средбата. Најзабележливи уште од самиот почеток беше репрезентативната тројка Саздовска - Керамичиева - Ристовска. Тое ја полнеа мрежата на противникот, па уште на полувреме Вардар имаше предност од „плус 20" голови.

Ништо ново немаше ниту во второто полувреме, освен што Вардар продолжи со исто темпо и не застана. Овие „плус 39" се втора највисоката победа досега сезонава за „црвено-црните". Претходно „плус 40" имавме на мечот со Деспина.

* Записник од натпреварот - vardar_-_ovce_pole.pdf

вторник, 14 ноември 2017 - 10:07