РФМ со предлог за првенството и Купот

Земајќи ја во предвид прогласената вонредна состојба во државата како и продолжувањето на
истата заклучно со 15.05.2020 година, дополнително и самиот факт дека поголемиот број
договори на ракометарите/ките со клубовите имаат валидност заклучно до 31.05.2020 година
како и насоките од Европската Ракометна Федерација за завршување на националниот систем
на натпревари до 31.05.2020 година, се наметнува заклучокот дека моменталната состојба не
дозволува и не постојат реални услови за регуларно завршување на домашното првенството.

За сезоната 2019/2020 година ќе биде доставен предлог до УО на РФМ да нема прогласување
на победник во националниот систем на натпревари во сите конкуренции и категории, истиот
предлог ќе биде доставен и за Куп на Македонија 2020 година.

Местата во Европските клубски натпреварувања во ЕХФ и местата во регионалната Сеха Лига
ќе бидат распределени согласно критериуми од страна на УО на РФМ

Целосното соопштение на РФМ

dokument_rfm_16042020.pdf

 

 

четврток, 16 април 2020 - 16:15