Реприза на лани: Вардарки против Ѓер во финалето на Ф4

Ланското финале на Ф4 турнирот во лигата на шампионите ќе има реприза и сезонава. Вардар по вторпат ќе игра за златниот медал откако во полуфиналето го победи тимот на Ростов со 25-19 (10-7).

Противник на Вардар во финалето ќе биде екипата на Ѓер. Унгарките го победија ЧСМ Букурешт со 28-20. Финалето ќе биде реприза на минатата година кога исто така за златото играа Вардар и Ѓер.

Од самиот почеток на натпреварот вардарки покажаа дека се решени да победат и шансата нема да ја пропуштат. Имавме постојано водство најавувајќи го пласманот во финалето. Лејно имаше 11 успешни одбрани овозможувајќи им на соиграчите во напад да бидат прецизни.

Се играше повеќе преку бековите зашто Цвијиќ беше одлично чувана. Но и со таква игра вардарки имаа игра, со шутеви од далечина. Така се разбиваше играта на Ростов. На полувреме заминавме со предност од 10-7 и со мотив да се продолжи започнатото и да се заврши со триумф.

Во второто полувреме само продолжи добрата игра на нашите девојки кои имаа предност што им овозможи покомфорно играње. Одбраната беше пожртвувана за секоја топка, Лејно во елемент, и одлично сконцентрирани во нападот. Ростов не се откажуваше од намерата да ни го расипе пласманот во финалето, па во 47 минута намалија на 15-13.

Но, тоа беше само привремено. Пенезиќ зголемува на 16-13 а потоа една топка на Ростов завршува во статива, а во следниот обид Лазовиќ зголемува на 17-13 на десет минути до крај на средбата. Двата тима се бореа за секоја топка, а изгледаше како Вардар да игра полесно, лесно наоѓаше простор да упати топка кон противничкиот гол. Пенензиќ беше човекот што упатуваше неодбранливи шутеви. 

Во 55 минута повторно имаме „плус 4“ за водство 20-16, но и играч помалки на терен по исклучувањето на Драгана Цвијиќ. Рискиот тренер го искористи правото за тајмаут, но и нашата клупа за да најде начин да се одбрани, па и да постигне гол кој може да биде решавачки за конечниот исход.

Брзо реализира Ростов и тоа од пенал, па во последните 300 секунди влегуваме со предност од три гола и напад. Играме без голман, а тоа Јованка Радичевиќ го користи и од крило реализира за 21-17: Головите се нижат брзо н адвете страни, а ние успеваме да ја задржиме предноста од четири голови. 

Кога Ина Суслина го одбрани пеналот на Екатерина Илина, а Андреа Лекиќ постигна гол веќе можеше да почне и славјето на клупата и трибините. Вардар има предност од 23-18 и напад, а Пенезиќ од цепелин става крај на сите надежи. ВАрдарки веќе слават и треба само да ги одиграат последните 90 секунди.

Примивме гол, но и возвративме со иста мера. Одбраната повторно беше неприкосновена.

 

 

сабота, 12 мај 2018 - 19:36