Регионалната лига со три екипи, почнува в среда во Подгорица

Во новата сезона во женската регионална лига требаше да учествуваат повторно четири екипи, но тимот на Подравка го откажа настапот. Остануваат три екипи, меѓу кои и Вардар и ќе се играат планираните турнири, во три денови со по два натпревари.

Домаќин на првиот турнир е екипата на Будуќност, и натпреварите треба да се одиграат во периодот од 13 до 15 септември во Подгорица. Ќе учествуваат екипите на Вардар, Крим и Будуќност.

Вардар е победник на ланската сезона во ВРХЛ лигата по триумфот во Скопје.

Распоред за првиот турнир

13 септември 2017
19 часот: Будуќност - Вардар

14 септември 2017
19 часот: Крим - Вардар

 

четврток, 7 септември 2017 - 13:40