Првакот ќе се решава во понеделник во СЦ „Јане Сандански“

Плејоф натпреварите што решаваат за титулата во женската лига ќе се играат во понеделник, 22 мај 2017 во малата сала во СЦ „Јане Сандански".

Според однапред договорениот систем на играње, во плеј офот за титулата ќе разигруваат првите три екипи од регуларниот дел на сезоната, и плус екипата на Вардар. Тоа се екипите на Вардар СЦЈС, Металург и Куманово.

Ова ќе бидат натпревари само за титулата. Другиот редослед на екипите ќе биде според освоеното место во регуларниот дел од сезоната. Тука останува да се одигра само уште едно коло, што е закажано за утре.

Двојките за полуфиналето на плејофот се:
Вардар - Куманово (11 часот)
Вардар СЦЈС - Металург (13 часот)

Финалето се игра во понеделеник од 18 часот во малата сала во СЦ „Јане Сандански"

 

вторник, 16 мај 2017 - 09:48