Прв пораз за кадетките на Вардар сезонава

Кадетките на Вардар првпат поразени на кадетското првенство сезонава. Кадетската екипа, која е составена од пионерките на Вардар, не успеа да ги освои бодовите на мечот со екипата на Алушовски, која победи со 23 : 21 (14 : 13).

За нашите најмлади ракометарки, ова беше втор натпревар викендов, откако еден ден претходно, во истиот состав екипата играше меч и од пионерската лига против екипата на Металург и победи.
На почетокот од натпреварот резултатски се бркавме со противникот. Наизменично на семафорот се појавуваше еден гол разлика, за веднаш потоа да следи израмнување. При резултат 7 : 7, противникот искористи шанса да поведе со два гола предност, 9 : 7, коишто се покажаа недостижни за нашите ракометарки. На пауза заминавме со негатива од 13 : 14.
Во вторите 30 минути избраничките на Анжела Платон, се бореа, но не успеаја да израмнат. Во нашите редови активно во мечот се вклучија сите од составот, при што најмногу 7 голови постигна Бојана Коцева, додека кај противникот победата му ја донесоа две ракометарки, од кои едната постигна дури 16 гола.
Следното коло вардарки ќе играат со екипата на Макалоски.

ВАРДАР – АЛУШОВСКИ 21 : 23 (13 : 14)

ВАРДАР: Вероника Ѓорѓиевска, Зорица Андовска, Мила Крагељ, Јана Равојска, Ана Мирческа, Александра Коловска 2, Јована Трајановска, Леа Христоска, Борјана Коцева 5, Магдалена Тошевска, Ива Ангеловска, Наталија Максимовска 2, Андреа Миланова, Мила Пешиќ 3, Бојана Радевска 2, Бојана Коцева 7.

недела, 23 септември 2018 - 19:45