Против Лајпциг поставени неколку клупски и рекорди на ЕХФ во ЛШ

Со натпреварот против Лајпциг во гости што Вардар го доби со 45-22 (22-9), македонскиот клуб го завери првото место во Б групата од лигата на шампоните.

Во следната фаза нашиот клуб ќе пренесе седум бодови, и ќе одигра уште шест натпревари против екипите на Будуќност, Мец и Турингер.

На дуелот против Лајпциг нашите ракометарки не само што победија, покажаа супериорна игра, туку и поставија неколку клупски рекорди, но и рекорди на ЕХФ во лигата на шампионите.
Следните натпревари во Главната фаза Вардар ќе ги игра на крајот на јануари 2017 година.

Еве кои рекорди ги постави Вардар на дуелот со Лајпциг.

Клупски рекорди:
* Вкупно 34 победа во лигата на шампионите
* Највисока победа во ЛШ
(досегашниот рекорд е 17-35 против Подравка, и 29-47 против Крим)
* Највисока победа на гостински терен во ЛШ
* Пет меча по ред со победи во ЛШ (израмнет досегашен рекорд)
* Најмногу вкупно постигнати голови на меч од ЛШ (досега рекордот беше 76 гола против Крим

Рекорди во лига на шампиони:
* Втора највисока победа воопшто во ЛШ
(највисоката ја има ФТЦ - Анагениси 42-16)
* Највисока победа во гости во ЛШ
(досегашниот рекорд беше Олчим Влчеа - Букстехудер 15-34)
* Втор меч со нјмногу вкупно постигнати голови (рекордот е на мечот Лада - Бјасен 43-39)

 

сабота, 19 ноември 2016 - 17:36