Променети термините за Ф4 за домашната титула

На барање на Куманово, а во согласност со РФМ и другите екипи учеснички на Ф4 турнирот за титулата, направени се промени во термините за полуфиналните и финалните натпревари.

Наместо понеделеник, полуфиналните средби ќе се одиграат во недела. Според однапред договорениот систем, во плеј офот за титулата ќе разигруваат првите три екипи од регуларниот дел на сезоната, и плус екипата на Вардар. Тоа се екипите на Вардар СЦЈС, Металург и Куманово.

Во полуфиналето во недела (21 мај 2017) во малата сала во СЦ „Јане Сандански" ќе играат:
Вардар - Куманово (15,30 часот)
Вардар СЦЈС - Металург (17,30 часот)

Ова ќе бидат натпревари само за титулата. Другиот редослед на екипите ќе биде според освоеното место во регуларниот дел од сезоната.

Финалето меѓу победниците од полуфиналните средби се игра во понеделеник од 15 часот во малата сала во СЦ „Јане Сандански"

 

среда, 17 мај 2017 - 15:57