Процедура за акредитирање на мечевите од ЛШ

Пред почетокот на натпреварите од лигата на шампионите ги известуваме сите ТВ, вебТВ и радио куќи околу процедурата за акредитирање на натпреварите на РК Вардар за групната фаза .

Слично како и досега останува истата процедува дека сите дигитални медиуми, ТВ, вебТВ и радио мораат да аплицираат директно во ЕХФ за добивање на акредитација за следење на натпреварите.
За секој натпревар посебно потребно е да се пополни формуларот што е во прилог, и истот да се испрати до ЕХФ Маркетинг.

Пред секој натпревар на лигата на шампионите, Медиа супервизорот (номиниран од страна на ЕХФ маркетинг) ќе ги контактира сите клубовите за да се потврди кој добил акредитација.
ТВ куќата што ќе прави преност од натпреварите нема потреба од акредитирање во ЕХФ маркетинг, туку истото треба да го решат со клубот домаќин.

Сите ТВ и радио права од на лигата на шампионите се во сопственост на ЕХФ маркетинг, па ниту една ТВ, интернет ТВ или радио куќа што нема да добие акредитација нема д аможе да влезе во салите за време на натпреварите на лигата на шампионите во сезоната 2017/2018.

Сите печатени медиум, новинари и фотографи своите барања за акредитации треба да ги испратат ДИРЕКТНО ВО КЛУБОТ, кој решава за издавањето на истите.

Формулар за аплицирање

accreditation_form_wcl_17_18_group_matches.xls

понеделник, 11 септември 2017 - 14:44