Познати термините за четврт-финалето со Митјиланд

Во соработка со ЕХФ и клубовите учесници во Топ-8 фазата, одредени се саатниците од четврт-финалињата на женската лига на шампионите.

Во четврт-финалето играат: ЧСМ Букурешт, ФТЦ Будимпешта, Мец, Ѓер, Будуќност, Ларвик, Вардар и Митјиланд. Победникот од овие двомеч средби ќе се пласира на Ф4 турнирот во Будимпешта на почетокот на мај.

Вардар како првопласиран од Група 1 за ривал го доби четвртопласираниот од група 2, дански Митјиланд. Нашите девојки својот прв натпревар против Митјиланд ќе го игра на гостински терен, на 9 април во 17 часот во Икаст.
Реваншот е на 15 април во СЦ „Јане Сандански" во 17,30 часот.

За Вардар ова е четврта сезона по ред како игра меѓу осумте најдобри тимови во Европа. Трипати го освојувавме и бронзениот медал на завршниот турнир.

 

петок, 17 март 2017 - 14:14