Познати саатниците за „Трофеј Вардар 2017“

Вториот меѓународен женски ракометен турнир „Трофеј Вардар" ќе се одржи во периодот од 23 до 26 август во салата во СЦ „Јане Сандански". Ќе учествуваат шест екипи, што ќе бидат поделени во две групи.

Победниците од секоја група потоа ќе играат во финалето. На турнирот ќе играат следните екипи:
Вардар - Македонија
Будуќност - Црна Гора
Одензе - Данска
ЧСМ Букурешт - Романија
Краснодар - Русија
Ростов - Русија

Екипите ќе бидат поделени во две групи. Победниците од секоја група ќе играат во финалето, а другите за пласман со тим од другата група. На турнирот ќе се изберат најдобар голман, играч и стрелец.
Вардар е победник на првото издание на турнирот.

Група А
Будуќност
Вардар
Краснодар

Група Б
Одензе
ЧСМ Букурешт
Ростов

Распоред на натпревари
23 август 2017
15 ч. ЧСМ Букурешт - Ростов
17,15 ч. Вардар - Краснодар

24 август 2017
15 ч. Одензе - ЧСМ Букурешт
17 ч. Будуќност - Вардар

25 август 2017
15 ч. Ростов - Одензе
17 ч. Краснодар - Будуќност

26 август 2017
14 ч. Меч за 5 место
16 ч. Меч за 3 место
18 ч. Финале

 

четврток, 13 јули 2017 - 12:35