Познати термините за Главната фаза на ЛШ

Во консултација на ЕХФ и клубовите, одредени се точните датуми и саатници на одигрување на натпреварите од Главната фаза од Лигата на шампионите што треба да се играат во јануари и февруари 2016 година

Според договорот во првото коло Вардар е домаќин на ЦСМ Букурешт на 9 јануари со почеток во 17,30 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Термини за одигрување на мечевите од Главната фаза
09.01.2016  Вардар - ЦСМ Букурешт - 17.30
17.01.2016  Будуќност - Вардар - 18.30
06.02.2016  Вардар - Савехоф - 17.30
14.02.2016  ЦСМ Букурешт - Вардар 18.00 (локално време)
21.02.2016  Вардар - Будуќност - 17.30
26.02.2016  Савехоф - Вардар - 19.00 

Првите четири екипи од групата ќе се продолжат во четврт-финалето, и ќе вкрстат со ривали од Главна Група 1.

Почетна табела во Главна група 2
1. Будуќност 7 бода
2. ЦСМ Букурешт 5 бода
3. Ѓер 5
4. Вардар 4
5. Митјиланд 3
6. Савехоф без бодови

 

четврток, 3 декември 2015 - 15:40