Потврдени термините за четврт-финалето во ЛШ

Европската ракометна федерација во соработка со клубовите и ТВ куќи ги одреди термините и саатниците за четврт-финалните натпревари од лигата на шампионите.

Вардар се среќава со тимот на Митјиланд од Данска.
Првиот меч го играме на гостински терен на 6 април (петок) во 19 часот.
Реваншот е на 14 април (сабота) во 17 часот во СЦ „Јане Сандански".

Победниците од четврт-финалните дуели ќе се пласираат на Ф4 турнирот во Будимпешта во мај.

Во четврт-финалните средби од ЛШ се среќаваат:
Митјиланд - Вардар
ЧСМ Букурешт - Мец
ФТЦ - Ростов
Будуќност - Ѓер

 

среда, 14 март 2018 - 16:25