Потпишете се во „Книгата на славните“

По многуте пораки упатени директно до нашиот клуб и до играчите, и поддршката што постојано ја имаме на социјалните мрежи решивме да им овозможиме на сите наши навивачи да ги запишат своите пораки на подршка и благодарност.

Пет години по ред Вардар е во самиот европски врв. Трипати беше третопласиран а последниве две сезони го освојува сребрениот медал. Тоа е успех со кој ретко која екипа може да се пофали. Низ сезоните што изминаа вардарки ни носеа радост, среќа, ни даваа сила и мотиви да покажеме колку сме големи како клуб и нација.

Викендов во Будимпешта го игравме својот петти Ф4 турнир, што досега никому не му успеало. Повторно се вративме со сребрен медал.

По многуте пораки упатени директно до нашиот клуб и до играчите, и поддршката што постојано ја имаме на социјалните мрежи решивме да им овозможиме на сите наши навивачи да ги запишат своите пораки на подршка и благодарност.

Затоа ќе има „Книга на славните" во која во следниот период ќе биде отворена. Секој ќе може да ги запише своите пораки, желби, поддршка и пред сѐ благодарност за она што ни го овозможија сите ракометарки што настапуваа во изминативе шест сезони

До крајот на сезоната за тимот остануваат уште три натпревари што ќе се играат во СЦ „Јане Сандански". 

Книгата ќе биде отворена во периодот од  

16 до 20 мај 2018 година

10 - 22 часот - Фан шоп на Вардар во склоп на СЦ „Јане Сандански"

 

вторник, 15 мај 2018 - 13:06