Покана за прес-конференција за Ф4 на ВРХЛ лигата

Вардар е домаќин на последниот турнир од регионалната ВРХЛ женска ракометна лига.

Во пресрет на тие натпревари ве покануваме на прес-конференција пред полуфиналниот натпревари меѓу Вардар и Подравка (Хрватска).

Прес-конференцијата ќе се одржи во понеделник, 24.04.2017 година во 12.00 часот во прес - конференциската сала во СЦ „Јане Сандански".

Во полуфиналето од Ф4 турнирот на ВРХЛ лигата ќе играат:
Вардар - Подравка (25.04.2017) во 15,30 часот
Будуќност - Крим (25.04.2017) во 18 часот

Финалето и мечот за трето место се закажани за во среда, 26 април 2017.

 

петок, 21 април 2017 - 12:29