Победнички почеток на сезоната за најмладите вардарки

Фуриозен почеток на сезоната за пионерките на Вардар. Избраничките на Анжела Платон на натпреварот од првото коло во пионерското првенство ја победија екипата на Делчево Вардар со 24 : 10 (13 : 3). Најмладата ракометна екипа на Вардар покажа убедливо подобра игра од противникот, наметнувајќи се како фаворит на мечот уште во првите минути од натпреварот.

Црвено - црните набрзо поведоа со 4 : 0, предност која не само што ја одржуваа, туку и набрзо ја зголемија на +9 гола за 11 : 2. До крајот на полувремето имаа предност од 10 гола за 13 : 3. По паузата продолжија да ја одржуваат високата разлика, па и да ја зголемат на +14 гола за 22 : 8. Впрочем со истата разлика го завршија и натпреварот, односно 24 : 10.
Најдобар стрелец на мечот беше Борјана Коцева со 6 гола.
Пионерската селекција сезонава се натпреваруваат на две национални првенства во организација на РФМ, односно учествуваат во кадетската и пионерската женска лига. Откако во првото коло од кадетската лига, минатата недела ја победија екипата на Војнисон Вардар со 31 : 13, нашата екипа викендов се слободни.

Вардар – Делчево Вардар 24 : 10 (13 : 3)

Вероника Ѓорѓиевска, Зорица Андовска 2, Мила Крагељ 1, Јана Равојска, Ана Мирческа, Александра Коловска 2, Јована Трајановска, Леа Христоска, Борјана Коцева 6, Магдалена Тошевска 5, Ива Ангеловска 2, Наталија Максимовска 1, Андреа Миланова 1, Мила Пешиќ 1, Бојана Радевска 1, Бојана Коцева 2.

сабота, 8 септември 2018 - 18:02