По третпат Вардар ќе игра за бронза на Ф4

И во третиот обид да стигнеме до финалето на лигата на шампионите не успеавме, па ќе играме во борба за трето место, исто како и претходните две сезони. Во полуфиналето екипата на ЧСМ Букурешт беше подобра и не победи со 27-21.

Нашите девојки одиграа под можностите, непознатливо, без препознатливата игра, и со многу грешки особено во нападот. Колку што ние грешевме толку ривал ги реализираше укажаните шанси. А тргнавме добро со погодок на Радичевиќ, и го задржавме противникот цели четири минути да неможе да постигне гол. Но, потоа се тргна во непосакувана насока.

Веќе по 10 минути играње клупата мораше да бара тајм аут, а ЧСМ Букурешт веќе водеше со 4-1. Наместо да се подобри играта, ние уште послабо одигравме, па со нова серија ЧСМ Букурешт поведе со 7-1
Се обидуваа Дејвис и Кастратовиќ нешто да сменат, во игра влезе и Ина Суслина во нападот Дамњановиќ, и освен двата гола на Лекиќ и Лазовиќ, пак доминираа Романките кои имаа предност од 10-3. Разликата веќе беше „плус 6-7" за Букурешт, а во последната минута не реализиравме напад барем, да намалиме на подносливи „минус четири". Во овој дел од играта имавме седум технички грешки, и реализација од само 41 отсто, наспроти 82 на противникот.

И во второто полувреме првите минути одигравме добра одбрана, но повторно лош напад. Четири напади по ред не ги реализиравме, по што Гулден погодува за ново водство на ЧСМ Букурешт, 15-9.
Следните десет минути беа погубни за Вардар, зашто ЧСМ Букурешт успеа да зголеми на 22-11 во 45 минута. Тука веќе беше јасно дека изгоревме во желбата и не ги искористивни укажаните шанси. Голманката Јелена Грубишиќ бранеше речиси се што нашите играчи упатиј акон нејзиниот гол.Времето одминуваше а ние никако не усепавме да се приближиме и да направиме можност за евентуален пресврт.

Вардар - ЧСМ Букурешт 21-27 (9-14)
Вардар: Радичевиќ 2, Кликовац 1, Дамњановиќ 1, Лејно, Лазовиќ 2, Дембеле 4, Сокач 1, Алтхаус 1, Пенезиќ 1, Черноиваненко, Човиќ 1, Ихнева, Суслина, Хмирова 1, Лекиќ 6, Ристовска.

ЧСМ Букурешт: Гулден 4, Куреа, Родригез Бело 5, Јоргенсен 4, Иордаче, Варзару 1, Базалиу 2, Брадеану 15, Торстенсен, Нан, Веткова, Мартин 1, Манеа 4, Фискер 2, Песоа, Грубишиќ.

 Фото галерија од натпреварот

сабота, 7 мај 2016 - 20:52