Питлик спогодбено заминува од Вардар

Македонскиот женски првак Вардар и досегашниот консултант во тимот Јан Питлик се договорија за спогодбено раскинување на договорот за соработка. Истиот стапува на сила веднаш, и го ослободува од сите должности Питлик во тимот на Вардар.

На барање на Јан Питлик клубот се согласи за негово предвремено заминување од клубот поради семејни причини иако тој требаше да остане во Скопје до јуни 2017 година. Беше договорено тој да остане до крајот на оваа сезона. Но, клубот му излезе во пресрет, па заеднички е најдено решение со кое Питлик ќе може веднаш да замине, и да ја продолжи кариерата во Данска и да биде блиску со семејството.

„Клубот секогаш им излегувал во пресрет на играчите и членови кои изразиле желба за предвремено заминување. Овојпат заеднички со нашиот консултант Јан Питлик се договоривме наместо на лето, спогодбено да го раскинуваме договорот, и истиот да стапи на сила веднаш, давајќи му можност за моментно заминување, изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

Клубот се подготвува за настап во главната фаза од женската лига на шампионките. На 6 февруари во Скопје треба да гостува шведскиот тим Савехоф.

четврток, 28 јануари 2016 - 17:00