
Пионерската селекција на Вардар од утре, 24 мај до недела, 26 мај ќе настапи на ракометниот турнир во Никшиќ, Црна Гора. Избраничките на Анжела Платон и Марија Папуџиева на турнирот што се одржува шеста година по ред за девојки помлади од 18 години ќе се натпреваруваат против екипи од регионот.
Вардар е во првата група во категоријата девојки родени 2002 година и помлади, каде противници се и домаќините на турнирот Левалеа 2010. Во истата група се и Дубица од БиХ, Ракометната репрезентација на централна Србија и Крим од Словенија.
Првиот натпревар во петок е против Дубица во 15 часот, а в сабота во 12 часот играме против репрезентацијата на централна Србија, а во 16 часот против Крим. Во 19 часот играме против домаќините, Левалеа.
Во недела се разигрува за пласман од 8 место до првото.