Пионерките со гостинска победа против Металург 2

Пионерките на Вардар сезонава по втор пат ја победија екипата на Металург 2. На мечот во салата во Автокоманда, избраничките на Анжела Платон и Александра Кузмановска беа подобри од домаќинот со 18 – 13 (11 – 8).

Нашите најмлади ракометарки постепено се изборија за подобрата позиција на мечот, континуирано зголемувајќи ја предноста до највисоките +4 гола во првите 20 минути од натпреварот. Предност која се повтори неколкупати во текот на полувремето со 8 – 4, 9 – 5, како и 10 – 6. Сепак, откако Металург 2 намалија на 10 – 8, Мила Пешиќ во 19. минута реализираше пенал за 11 – 8. Во второто полувреме успеаја повторно да се вратат на +4 гола, и да ги одржуваат до 40. минута од мечот, кога Пешиќ повторно со пенал ја зголеми на +5 за финалниот резултат од 18 – 13.

Металург 2 – Вардар 13 – 18 (8 – 11)

ВАРДАР: Мила Пешиќ 5, Мила Крагељ 1, Александра Колоска 2, Леа Христовска, Борјана Коцева 3, Магдалена Тошевска, Ива Ангеловска 2, Наталија Максимовска, Андреа Миланова, Бојана Радевска 1, Ана Мирчевска, Бојана Коцева 4.

недела, 11 март 2018 - 23:24