Пионерките се вратија со седмо место од турнирот во Црна Гора

На последниот ден од турнирот во Никшиќ, Црна Гора пионерките на Вардар се пласираа на седмото место.
Откако на натпреварот за петто место не успеаја да ја победат Ракометна репрезентација на Белград, а дуелот заврши со 12 : 24 (5 : 13), црвено – црните требаше да играат за седмо место. Но екипата на Крим одлучи да се откажат и Вардар службено го доби натпреварот. Со Крим од Љубљана игравме претходниот ден, натпревар во групната фаза и ги победивме со значајна разлика од 23 : 18,.
Младите ракометарки на Вардар во Црна Гора учествуваа на меѓународен турнир со екипи од регионот, и тоа во дуели кои покажаа дека независно на пласманот нашите најмлади девојки во селекциите се развиваат во вистински ракометарки со искуства од различни натпревари и ситуации.

понеделник, 27 мај 2019 - 15:02