Пионерките се лидери и без пораз по есенскиот дел од сезоната

Пионерките на Вардар викендот го отворија со победа против екипата на Ѓорче Петров со 23 : 8 во пионерска конкуренција, а во недела со двоцифрена разлика 44 : 14 ја победија и екипата на Илинден Вардар во кадетска конкуренција.

Избраничките на Анжела Платон и Марија Папуџиева се наметнуваат како силна конкуренција во двете национални првенства без пораз од почетокот на сезоната. Во пионерска конкуренција, пак, првиот дел од сезоната го завршуваме како најдобри и без пораз, односно со максимален учинок на сит натпревари. Последниот натпревар од овој дел против екипата на Ѓорче Петров го завршивме со триумф од 23 : 8, а на полувреме беше 12 : 2.

ВАРДАР: Вероника Ѓорѓиевска, Сара Стојанова 3, Теодора Ангелова 3, Мила Крагељ, Сара Стефановска 1, Јована Трајановскса 1, Леа Христоска, Борјана Коцева 1, Магдалена Тошевска 4, Ива Ангеловска, Наталија Максимовска 2, Мила Пешиќ, Бојана Радевска 3, Бојана Коцева 2.

Градското дерби против екипата на Металург во кадетска конкуренција, ќе дефинира и кој ќе се најде на врвот во првата групата. Односно, Вардар и Металург досега наизменично се менуваат според тоа кој има поголема разлика во бројот на постигнати и примени голови.

Со Илинден Вардар одиграа лесен натпревар. Уште на почетокот се забележуваше дека црвено – црните доминираат на теренот. На пауза заминаа со 19 : 2, а крајниот резултат беше 44 : 14.

ВАРДАР: Вероника Ѓорѓиевска, Сара Стојанова 4, Теодора Ангелова 3, Мила Крагељ 2, Јана Развојска 1, Александра Коловска 4, Јована Трајановска 3, Леа Христоска, Борјана Коцева 7, Магдалена Тошевска 4, Ива Ангеловска 1, Наталија Максимовска 2, Мила Пешиќ 1, Бојана Радевска 2, Бојана Коцева 8, Андреа Миланова 2.

понеделник, 25 ноември 2019 - 11:17