Пионерките победија со 40 гола разлика

За секој примен гол, пионерките на Вардар постигнуваа 10. На мечот од кадетското првенство, во третото коло против екипата на Филип Вардар, црвено-црните победија со 44 : 4 (19 : 4). На натпреварот не се забележа умор меѓу нашите девојки, кои во истиот состав еден ден претходно играа и победија на натпревар и од пионерската лига.

Двоцифрената предност вардарки лесно ја создадоа уште во првите 30 минути. Тренерот Анжела Платон и помошникот Марија Папуџиева го искористија натпреварот на нашите најмлади ракометарки да им споделат и совети како да го подобрат нападот, а девојките тоа го искористија и безмилосно ја решетаа мрежата на гостите. Разликата во квалитетот меѓу екипите се рефлектираше и во финалниот резултат, победувајќи го противникот со 40 гола разлика.

Најдобри стрелци во редовите на Вардар беа Александра Коловска и Магдалена Тошевска со по 10 гола.

Црвено – црните во вторите 30 минути ја спуштија завесата пред голот, па за противникот беше невозможно да ја помине нашата одбрана и цело полувреме не успеа да постигне гол.

ВАРДАР – ФИЛИП ВАРДАР 44 : 4 (19 : 4)

ВАРДАР: Вероника Ѓорѓиевска, Зорица Андовска 4, Мила Крагељ 1, Јана Равојска 2, Ана Мирческа, Александра Коловска 10, Јована Трајановска 1, Леа Христоска, Борјана Коцева 3, Магдалена Тошевска 10, Ива Ангеловска 2, Наталија Максимовска 1, Андреа Миланова 4, Мила Пешиќ 3, Бојана Радевска 1, Бојана Коцева 2.

недела, 16 септември 2018 - 22:19