Пионерките на Вардар убедливо го освоија турнирот во Илинден

Нашата пионерска екипа викендов учествуваше на турнир во Илинден, Скопје и убедливо го освои првото место со три победи. Во генерацијата 2004/2005 тимот предводен од Анжела Платон и Марија Папуџиева продолжува да ниже победи и да покажува дека има квалитет што во иднина треба да му обезбеди на клубот продолжување на успешните резултати и во сениорска конкуренција.

Во последниот меч од турнирот што се сметаше за финале вардарки го преслушаа и Металург, победувајќи го со 19-15. Тоа беше третата убедлива победа со која беше потврден приматот на „црвено-црните" како најдобри.

На овој меч „црвено-црните" ракометарки беа доминантни и уште еднаш покажаа дека во својата возрасна категорија немаат достоен ривал. Во финалниот меч Александра Колевска и Бојана Коцева постигнаа по 3 гола гола, а Теодра Ангелова, Јана Равојска, Сара Стефаноска и Бојана Радевска сите со по 2 гола беа најефикасни на средбата.

Претходно ракометарките на Вардар го победија домаќинот, Илинден со 17-6, а потоа и Аеродорм со 14-10.

недела, 22 декември 2019 - 16:40