Пионерките на Вардар триумфираа во Автокоманда со двоцифрена разлика

На гостински терен во Автокоманда продолжи победничката низа на најмладите вардарки, кои со невообичаена леснотија го победија Металург со 25 : 10 (10 : 7). Пионерките, предводени од тренерот Анжела Платон, со последнава победа се искачуваат на врвот од табелата во првата група од Пионерската лига.

Првите 20 минути од натпреварот вардарки не се покажаа во вистинското светло. Иако од почеток ја имаа иницијативата, сепак на теренот не ја покажаа силата и вештината која беше лесно воочлива во текот на второто полувреме. Ние во текот на сите 40 минути имавме предност. На пауза заминавме со водство од 10 : 7, но по разговорот со тренерот Платон, црвено – црните се вратија со поголема решителност да ни покажат дека се подобри. Покрај лесните контри и полуконтри, вардарки покажаа и одлична одбрана. Во второто полувреме постигнавме 15 гола, наспроти 3 гола на домаќинките.
Зорица Андоновска беше најдобар стрелец на мечот со 7 гола, додека Мила Пешиќ постигна 5 гола.

МЕТАЛУРГ – ВАРДАР 10 : 25 (7 : 10)

ВАРДАР: Вероника Ѓорѓиевска, Зорица Андовска 7, Мила Крагељ, Јана Равојска, Ана Мирческа, Александра Коловска 2, Јована Трајановска, Леа Христоска, Борјана Коцева 4, Магдалена Тошевска 2, Ива Ангеловска, Наталија Максимовска 1, Андреа Миланова 1, Мила Пешиќ 5, Бојана Радевска 1, Бојана Коцева 2.

недела, 23 септември 2018 - 10:36