Пионерките на Вардар се шампионки на турнирот во Белград

Женската пионерска селекција на Вардар го освои првото место на предновогодишниот турнир во Белград во конкуренција на 17 екипи од регионот. Триумфот на турнирот „Трофејот на Белград", што од 27 до 29 декември се одржа во Белград, Србија, за црвено - црните беше огромен, зашто и машката пионерска селекција играше финале и го освои второто место во нивната категорија, а голманката Вероника Георгиевска го освои посебното признание - трофејот „Јелена Зиндовиќ" за најдобар голман на турнирот во женска конкуренција, а беше прогласена и за најдобар голман во нејзината категорија.

Вардар во финалето играше против Студентски град и победи со 16 : 14. Во многу неизвесен натпревар нашите девојки успеаја од негатива од 7 : 13 да направат огромен пресврт до победа.

Во полуфиналето имавме дуел со екипата на Београд и тримфиравме со 16 : 13.

Голманката Вероника Георгиевска го освои посебното признание - трофејот „Јелена Зиндовиќ" за најдобар голман на турнирот во женска конкуренција и беше прогласена и за најдобар голман во нејзината категорија.

Учеството на пионерките на првиот ден од турнирот стартуваше со победи. Во групната фаза имавме и еден пораз, но и феноменални победи против останатите екипи, што ни го донесе и првото место во групата А, пред екипите на Црвена Звезда и Београд.
Натпреварите од групната фаза завршија со следниве резултати:
ВАРДАР - Браник 12 : 11
ВАРДАР - Београд 11 : 12
ВАРДАР - Крка 18 : 0
ВАРДАР - Црвена Звезда  14 : 11

понеделник, 31 декември 2018 - 12:14