
Вардарки во пионерската конкуренција се позиционирани на врвот во првата натпреварувачка група и се единствена екипа без пораз од почетокот на сезоната. На натпреварот против Драчево црвено – црните нижеа голови без прекин до резултатот од 9 : 1. Набрзо следуваше паузата и заминавме со предност од 13 : 2. Второто полувреме наликуваше на првото. Екипата од Драчево постигна само уште еден гол до крајот, а вардарки уште 16 голови.
Најмногу голови постигнаа Наталија Максимовска и Андреа Миланова, односно и двете имаа по 6 гола.
ВАРДАР – ДРАЧЕВО 29 : 3
ВАРДАР: Вероника Ѓорѓиевска, Сара Стојанова 2, Теодора Ангелова 4, Зорица Андоновска 2, Мила Крагељ 2, Сара Стефановска, Александра Коловска 1, Леа Христоска, Борјана Коцева, Магдалена Тошевска 3, Ива Ангеловска, Наталија Максимовска 6, Мила Пешиќ 1, Бојана Радевска 2, Бојана Коцева, Андреа Миланова 6.
Во кадетска конкуренција пак најмногу внимание привлече бројот на вкупно постигнати голови на натпреварот, односно 74. Од нив 44 погодоци во противничката мрежа беа реализирани од вардарки, при што Платон на секоја ракометарка и даде доволно минутажа игра за да се впише во листата на голгетерите.
ВАРДАР – ШАМПИОН 44 : 30