Пионерките на Вардар на турнир во Србија

Најмладите вардарови ракометарки заминаа за Србија, каде од понеделник, 26 август по четврт пат ќе учествуваат на турнирот Лавови хендбол челинџ што до 29 август се одржува во Белград.

Најмладите вардарови ракометарки заминаа за Србија, каде од понеделник, 26 август по четврт пат ќе учествуваат на турнирот Лавови хендбол челинџ што до 29 август се одржува во Белград.

Нашите девојки предводени од Анжела Платон и Марија Папуџиева, во конкуренција од вкупно 10 екипи се во првата група, каде конкуренција им се врсничките од Цепелин, Железничар Инџија, Београд и СУ Црвена Звезда.

Првиот натпревар го играат во понеделник, 26 август од 14:30 часот против екипата на Железничар Инџија, додека во 17:50 часот стартува мечот со Цепелин.

Во вторник од 10:40 часот вардарки ќе си ги одмерат силите со СУ Црвена Звезда, по што во 16:50 часот играат со Београд.

Во вторник попладнето и во среда, 29 август, според распоредот на натпреварите, се разигрува за пласман на турнирот.

На турнирот во машка конкуренција ќе се појават и нашите пионери, но ќе настапат како членови на Академија Скопје. Повеќето наши момчиња се школуваат на Спортската академија, која согласно наставните програми година одлучи во машка конкуренција да пријави екипа на турнирот во Србија.

Им посакуваме успех на сите вардарови пионерки и пионери кои ќе играат во Белград!

недела, 25 август 2019 - 17:42