Пионерките на Вардар на предновогодишен турнир во Србија

Две екипи на Вардар во пионерска конкуренција ќе се натпреваруваат на новогодишниот турнир во Белград, Србија. Традиционалниот меѓународен турнир „Трофејот на Вардар" се одржува од 27 до 29 декември, а нашиот пионерски состав предводен од тренерите Анжела Платон и Марија Папуџиева се натпреварува во конкуренција на 17 екипи од Словенија, Австрија и Србија.

Вардарки се наоѓаат во група А, која е и најголемата група во нашата категорија, а првата конкуренција ни се екипите Крка и Браник од Словенија и Црвена Звезда и ОРК Београд од Србија. Екипите играат за пласман од 1 до 4 место во групата за да добијат можност да продолжат во втората фаза од натпреварувањето. Екипата, пак, која ќе се пласира на последното - 5 место во нашата група, завршува со натпреварувањето во првата фаза и се пласира на конечната табела на 17. место.
На 27 декември, во четврток во 11.20 часот играме против Браник, а во 14.20 часот со ОРК Београд. Следниот ден, на 28 декември, во 9.35 е натпреварот со Крка, а во 11.20 со Црвена Звезда.
На турнирот во Белград се натпреварува и машката пионерска селекција предводена од тренерите Зоран Петковски и Никола Бисинов.

среда, 26 декември 2018 - 14:03