Пионерките на Вардар газат напред

Најмладите ракометарки на Вардар со победа од 28 : 5 (13 : 4) против Гостивар ја продолжија победничката серија. Со максимален учинок досега во сезоната, избраничките на Анжела Платон, се првопласирани во првата група од пионерското првенство, потврдувајќи ја амбицијата дека сезонава ќе играат за највисокото место.

Кај гостинскиот тим се забележуваше дека имаат и помлади ракометарки од нашите пионерки, па разликата се рефлектираше како во силата и вештините на играчите, така и врз резултатот за време на мечот. На пауза нашите ракометарки заминаа со предност од 13 : 4, а во текот на второто полувреме гостите постигнаа само еден гол, наспроти нашите 15.
Најдобар стрелец на натпреварот беше Бојана Коцева со 6 гола.
Во следното, 5. коло вардарки гостуваат кај Куманово.

ВАРДАР – Гостивар 28 : 5 (13 : 4)

ВАРДАР: Вероника Ѓорѓиевска, Зорица Андовска 3, Мила Крагељ 1, Јана Равојска, Ана Мирческа, Александра Коловска 3, Јована Трајановска, Леа Христоска, Борјана Коцева 3, Магдалена Тошевска 4, Ива Ангеловска 5, Наталија Максимовска 1, Андреа Миланова, Мила Пешиќ 1, Бојана Радевска 1, Бојана Коцева 6.

недела, 30 септември 2018 - 20:08