
Младите ракометарки на Вардар остварија голема победа над врсничките од тимот на Крим од Љубљана на турнирот во Никшоќ, Црна Гора, но истовремено беа поразени од репрезентацијата на Централна Србија и од домаќинот Левалеа. По расплетот и одигрување на сите натпревари нашите ракометарки се пласираа за разигрување од петто до осмо место.
Прво утре (недела) од 10,30 разигруваме и со победа би се бореле за петто место, а со пораз за седмо. Без оглед на пласманот најважно е дека ракометарките собираат меѓународно искуство, и играат против екипи од различни градови и земји. Тоа е особено важно во градењето на овие млади девојки во вистински ракометарки кои ќе имаа искуство од различни натпревари и ситуации.
Вториот натпреварувачки ден го почнавме со меч против репрезентацијата на Централна Србија. Игравме одлично, и само нијанси ни ја одзедоа можност да играме најмалку реми. Загубивме 15-14, иако на полувреме водевме со 7-5. Јана Равајска со 4 гола, и Сара Стефановска со 2 и Александра Коловска со 2 беа најпрецизни во нашиот тим. Токму затоа се овие турнири за да се види како напредуваат девојките. А дека се развиваат во добра правец покажа следниот меч.
Иако претходно тесно загубивме, моралот и мотивацијата ни беа на високо ниво. Тоа го покажавме против Крим од Љубљана чии ракометарки ги победивме со 23-18 (10-9). Особено ефикасни и добри бевме во второто полувреме кога ја направивме и решавачката предност. Тоа беше меч што ни ја отвори вратата кон полуфиналето.
Сара Стефановска постигна 5 гола, а Борјана Коцевска и Мила Пешиќ двете по 4 гола.
Се зависеше од нас, но моравме да се справиме со домашниот тимна Левалеа. Двата мечеви што претходно ги игравме ни донесоа замор, а тоа веднаш се забележа во играта. Долгиот пат и трите мечеви оставија трага, па уште во првото полувреме имавме негатива од 2-6. Тоа потоа тешко се стигнуваше и Левалеа победи со 13-9.
На овој меч Сара Стефановска и Мила Пешиќ постигна по 3 гола.