Пионерките ја завршија полусезоната со 5 победи од 5 натпревари

Најмладите ракометарки на Вардар со победа го заокружија првиот дел од сезоната 2018/2019. Пионерките со 25 : 13 (14 : 5) ја победија екипата на Куманово.
Со тоа избраничките на Анжела Платон полусезоната на пионерското првенство ја завршија со максимален учинок и на првата позиција во нивната група. Со истиот состав екипата продолжува со натпревари на кадетското првенство, каде исто така се меѓу првите три екипи на табелата.

На гостински терен против Куманово, црвено – црните брзо ги покажаа резултатите од напорните тренинзи во селекцијата на Вардар. Брзо поведоа со предност од 10 : 1, разлика што ја одржаа и до крајот на полувремето. На пауза заминаа со 14 : 5. Во второто полувреме продолживме со слично темпо, и натпреварот заврши со наша победа од 25 : 13. Најмногу голови од нашата екипа постигна Магдалена Тошевска.

Во следниот дел од сезоната гостуваме кај Делчево Вардар.

КУМАНОВО – ВАРДАР 13 : 25 (5 : 14)
ВАРДАР: Вероника Ѓорѓиевска, Зорица Андовска 3, Мила Крагељ 1, Јана Равојска, Ана Мирческа, Александра Коловска 4, Јована Трајановска, Леа Христоска, Борјана Коцева, Магдалена Тошевска 5, Ива Ангеловска 2, Наталија Максимовска 3, Андреа Миланова 1, Мила Пешиќ 3, Бојана Радевска 1, Бојана Коцева 2.

 

понеделник, 8 октомври 2018 - 11:07