Пионерките ги победија Металург и завршија без пораз и во кадетска конкуренција

Најмладите ракометарки на Вардар во кадетска конкуренција триумфираа против Металург со 33 : 25 потврдувајќи ја првата позиција во нивната група 1. Овој натпревар беше последен во есенскиот дел од сезоната за избраничките на Анжела Платон и Марија Папуџиева. Односно пионерките, кои паралелно се натпреваруваат во пионерска и во кадетска конкуренција, и во двете лиги ги одиграа последните натпревари од првиот дел на сезоната и при тоа и во двете категории се првопласирани во групите со максимален учинок на сите натпревари.

На натпреварот со Металург црвено – црните се сретнаа со силен противник, кој во првиот дел од натпреварот во имаше водството. Иако повеќе пати го израмнуваа резултатот, сепак тоа не беше доволно да се наметнат како подобри и да го преземат и водството. Домаќинките заминаа на пауза со водство од 14 : 12. Во вториот дел од натпреварот вардарки успешно израмнија на 16 : 16 и почнаа да наметнуваат свое темпо. По серијата од 4 голови од 17 : 17 извојуваа предност за 21 : 17. Тоа беше доволно да создадат разлика којашто лесно ја одржуваа, но постепено и почнаа да ја зголемуваат. Стратегијата, продорноста на нападот и цврстината во одбраната дадоа резултат и наскоро вардарки имаа предност од 8 голови за 31 : 23. Разлика што успешно ја одржаа до крајот на мечот за победа од 33 : 25.

Металург - ВАРДАР 25 : 33

ВАРДАР: Вероника Ѓорѓиевска, Сара Стојанова 4, Зорица Андоновска 5, Мила Крагељ, Јана Развојска, Сара Стефановска 2, Александра Коловска, Јована Трајановска, Леа Христоска, Борјана Коцева 6, Ива Ангеловска 1, Наталија Максимовска 7, Мила Пешиќ 5, Бојана Радевска 2, Бојана Коцева 5, Андреа Миланова.

понеделник, 2 декември 2019 - 15:53