Петта титула и четврта двојна круна за Вардар

Петта сезона по ред ракометарките на Вардар се прваци на Македонија. Во финалето на плејофот нашите сениорки го победија тимот на Вардар СЦЈС со 54-24 (24-11), и ја освоија четвртата двојна круна во домашното првенство.

Во сестринскиот дуел во финалето на плејофот се очекуваше триумф на Вардар, и тоа се случи. Сѐ до резултатот 10-8 на почетокот на средбата Вардар СЦЈС се „држеше",а потоа следуваше серија на „сениорките" кои поведоа со 17-9, а потоа и со 22-10. Тоа беше период во кој сѐ беше решено. На дуелот Вардар играше со 12 ракометарки, од што само десет играчи во поле и два голмана.
Донекаде Вардар СЦЈС можеше да одговори на предизвикот, но на секоја загубена топка и не реализирана шанса следуваше брза контра од која Вардар лесно постигнуваше голови.

Второто полувреме беше само формалност, но Вардар воопшто не застана, па од предност од „плус 13" брзо истото водство се зголеми на 20 голови, и на крајот максималната разлика од „плус 30".

Вардар в година ќе игра во лигата на шампионите како првака на Македонија, а Вардар СЦЈС оствари една од целите да биде вицепрвак.

* Фото галерија

Вардар - Вардар СЦЈС 54-24 (24-11)
Вардар: Кликовац 7, Мавсар 6, Дамњановиќ 1, Лејно, Лазовиќ, Алтхаус 4, Илина 3, Човиќ 8, Суслина, Лакрабер 8, Хмирова 7, Ристовска 10.
Вардар СЦЈС: Прленда 4, Стојановска 1, Георгиевска 2, Митова 2, Бојаџиска 3, Тодоровска 2, Мицевска, Нолевска 1, Петковска, Керамичиева, Георгиевска 2, Мишевска, Божиновска 4, Николовска, Гичевска, Велкова 1.

 

понеделник, 22 мај 2017 - 17:00