Пет вардарки на списокот на селекторот Симовски

Со цел да добијат поголемо искуство и побрзо да можат да се вклучат во сениорскиот тим на Македонија, селекторот Симе Симовски во декември ќе има три собири на кои ќе ги повика ракометарките на кои смета во иднина да бидат стандардни во сениорскиот тим.

На списокот има и пет ракометарки на Вардар: Симона Грујоска, Андреа Седлоска, Милица Николиќ, Иванa Џатевска и Катерина Дамјановска. Вкупно се повикани 19 ракометарки.

Ова е еден од планираните три собир по три дена што се планирани. Првиот е во Куманово авториот треба да биде следната недела во Скопје.

вторник, 10 декември 2019 - 15:25